Старлетата Сораја Вучелиќ пред неколку дена била приведена поради прекршување на мерките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот, а како последица на тоа српски „Ало“ откри дека таа тајно се омажила, зошто во записникот стои името Сара Вучелиќ-Масони.
„Ало“ пишува дека старлетата тајно се омажила пред четири месеци во Амстердам.
Извор за порталот тврди дека таа една година го криела својот партнер.
„Сораја веќе со години не го открива својот приватен живот, па со самото тоа никој не знаеше колку нејзиниот однос со тој бизнисмен е сериозен. Неколку пријатели знаеа дека таа има некој во Холандија, дека оди кај него не месец-два, но никој не помисли дека ќе се мажи“, вели изворот и додава дека таа отпатувала во Амстердам два месеци пред венчавката, на која биле само кумовите и неколку пријатели.
„Многумина замислуваа дека кога Сораја ќе го најде вистинскиот ќе се омажи помпезно, ќе направи гала-прослава за 500 луѓе и ќе смени пет венчаници. Ама, таа викна само три пријателки и се омажи во тајност. Нејзиниот партнер повика пет пријатели, па по формалниот дел отидоа во најскапиот ресторан за да прослават. Важно е дека таа е среќна“, вели изворот за „Ало“.