(Фото) Те сакам Јелена Карлеуша, објави американската раперка Лил Ким откако Карлеуша облече нејзина креација во „Гранд“

Пејачката Јелена Карлеуша пред неколку дена се појави на снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во креација на американската раперка Лил Ким, која  сега ѝ се заблагодари на социјалните мрежи.

Лил Ким објави фотографија од Јелена, облечена со топ што ги открива градите и здолниште со шлиц до колкови, еден од дизајните од нејзината колекција.

„Не знаете колку ми значи што оваа жена ја носи мојата облека“, напиша Лил Ким под фотографијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lil’ Kim (@lilkimthequeenbee)

„Секогаш чувствував дека оваа жена ми одговара, тоа е лудо. Таа е толку одлична и иновативна. Имаме толку многу заедничко во нашите стилови, и токму тоа е она што ми даде до знаење дека сум на вистинската насока. Господ е толку неверојатен. Те сакам многу Јелена Карлеуша. Ти благодарам за поддршката, тоа ми значи сè на светот. Изгледаш прекрасно“, додаде американската раперка.

Лил по фотографијата од Јелена објави и видео од себе во истата креација, и се заблагодари на тимот што работел на нејзината изработка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lil’ Kim (@lilkimthequeenbee)

Scroll to Top