(Фото) Тортата „Меланија“ и натаму е главен хит во Севница

By

Жителите на градот Севница во Словенија, од каде што потекнува Меланија Трамп, се надеваат дека славата на местото ќе трае иако таа веќе не е прва дама на САД.

Тортата „Меланија“ го зазема главното место во слаткарницата „Јулија“, која се наоѓа во рамките на единствениот хотел во Севница, пишува Би-би-си.

Украсена со бели и златни чоколадни дезени, покриена со мус од бело чоколадо, елегантната торта е специјално дизајнирана да ја претставува Меланија Трамп. Нуша Видмар, сопственичката на слаткарницата, вели дека тортата содржи и ореви, кои станаа сезонска состојка откога Меланија Трамп стана прва дама на САД.

 

 

Ќе ви се допадне