(Фото) Цеца и Богдан со четирицикл на љубов во Војводина

Балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ првпат, по смртта на сопругот Аркан, сподели фотографија со дечкото од викендот во Војводина.

По зимувањето на Копаоник, таа со Богдан и неговата ќерка Искра се упатија кон етноселото во Зрењанин, Војводина.

„Уште еден убав ден“, напиша пејачката под фотографиите, на кои го гушка Богдан.

Милица Тодоровиќ, Емина Јаховиќ и Александра Младеновиќ се само дел од пејачките што ја коментираа објавата на ѕвездата.

Но, фотографиите и видеоснимката пејачката ги избриша веднаш кога ги објавија тамошните медиуми.

Слични фотографии објави и Богдан и под нив напиша Offroad („Надвор од патот“) возејќи го четирициклот покрај брегот.

 

Scroll to Top