(Фото) Цеца на третман за подмладување

Фолк-ѕвездата Ражнатовиќ беше на третман за подмладување на лицето и ги намали брчките околу устата. Таа на „Инстаграм“ објави неколку слики од третманот и откри дека сега и изгледа и се чувствува помладо.

„Освежување на кожата со витамински коктели и хијалуронска киселина“, напиша пејачката.

Цеца не крие дека направила естетски корекции на лицето пред неколку години и дека ги зголемила градите. Во интервју за српските медиуми пред многу години, таа изјави дека заради нејзината професија секогаш мора да изгледа одлично, па освен што вежба и внимава на исхраната, таа понекогаш оди на третмани заради кои изгледа помладо.

Scroll to Top