(Фото) Весна Змијанац со бајпас пееше во Бугарија, пејачката ослабена по операцијата

Пет месеци по операцијата откако и вградија бајпас, Весна Змијанац за првпат имаше свој настап. Таа пееше во Бугарија, иако расположена, сепак не беше тешко да се забележи дека е прилично ослабена. Како што пренесуваат српските медиуми, нејзината ќерка Николија и била е лута на својата мајка поради тоа што таа закажува што повеќе настапи бидејќи се чувствува добро и сака да се дружи со публиката. А, сепак, според неа тоа може да и влијае на здравјето на Змијанац.

Лекарите и рекле до година дена мора  да мирува, но пејачката не ги слуша советите на, открил близок до пејачката.

Тој вели дека штом се почувствувала подобро му рекла на менаџерот да закаже тезги.

„Ќерка и Николија и објасни дека нејзиното срце не може да го издржи целиот напор, патувања и настапи и дека не е паметно да седи во затворен простор со многу дим. Исто така сега сонот многу и значи и навечер треба да спие наместо да работи. Николија е уплашена дека Весна си го загрозува здравјето, а неодамна се скараа заради тоа. Весна пак ја убедуваше ќерка си дека сепак таа најдобро си го знае својот организам и ќе работи колку што може и ќе одмара во секое слободно време“, вели изворот.

Scroll to Top