(Фото) Виолинистот Стефан Миленковиќ ги објави првите фотографии со синот

Познатиот српски виолинист Стефан Миленковиќ стана татко на 25. април, а сега тој ги израдува фановите и објави и фотографии со неговиот син на социјалните мрежи. Тој со сопругата Горица станаа родители на бебето Никола.

Сефан и Горица Гроздановиќ, како што и беше моинското презиме на гитаристката со потекло од Бања Лука, се во брак од 2014 година. Таа на венчавката го зема презимето на Стефан. Виолинистот уште претходно говореше дека посакува да се оствари во улогата на родител, а сега таа желба му се оствари.

„Веќе знаеме дека 2020 година ќе биде најдобра година, со малото бебе Миленковиќ, кој ќе го добиеме во април“, напишаа уште во јануари брачната двојка и ја споделија радосната вест со фановите.

Сопругата на Стефан се породи во Америка, каде и планираат да го одлгелдаат детето.

По четири години врска тие направија интимна венчавка на плажата на Флорида. Две години подоцна, направија реприза на свадбената прослава со семејството и пријателите и приредија уште една незаборавна прослава во местото Сан Пјетро во Каријано, во близина на Верона.

Горица има дипломирано на Универзитетот во Илиноис во Чикаго, истата година кога се омажи за Стефан. Таа обожава да спортува, се занимава со падобранство и трчање, а може да се пофали и со медали од маратоните во Америка. Во САД живее со години, а со Стефан повремено доаѓаат во посета на Белград.

 

 

Scroll to Top