(Фото) Виолинистот Стефан Миленковиќ ќе стане татко

Познатиот српски виолинист, Стефан Миленковиќ, ќе стане татко. Тој преку социјалните мрежи откри дека неговата сопруга Горица е бремена и дека ќе се породи во април.

„Веќе знаеме дека 2020 ќе биде најдобрата година воопшто, со малото бебе Миленковиќ“, напиша тој.

Ова е прво дете на светски познатиот виолинист.

Стефан се прослави пред повеќе од 40 години, но и понатаму во поранешна Југославија го нарекуваат „чудо од дете“, бидејќи свири виолина од тригодишна возраст. Првиот концерт го одржал на шест години, а свирел и пред Папата Јован Павле Втори и пред некогашниот американски претседател Роналд Реган. И иако за концертите зема голем хонорар, неодамна во интервју за „Репортер“ откри дека во Македонија би свирел без пари, но за 100 тегли ајвар.

 

Scroll to Top