Актерот Драгомир Бојаниќ- Гидра беше еден од најомилените актери во поранешна Југославија.
Најголема популарност ја стекна со улогата на легендарниот Жика Павловиќ во култниот серијал „Жикина династија“.
Деновиве српските медиуми објавија фотографии од неговиот внук, Јован
Стојановиќ, кој инаку е манекен и фотомодел. Тој важи за еден од најангажираните модели во Белград, а многумина велат дека важел и за секс симбол во Србија .