Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ вели дека како и повеќето негови колеги, отсекогаш сакал брзи и скапи автомобили. Негов омилен бренд е „Мерцедес“, а во својата гаража има паркирано ѝ црно „БМВ“.
Жељко вели дека неговата сопруга Јована за разлика од него, кој сака црни автомобили, повеќе преферира возило во бела боја. Јована вози „BMW-a X6“.
Пејачот вели често наишол на проблеми со работниците каде што го носел „мерцедесот“ на сервис. Жељко и јавно порача на социјалните мрежи дека станува збор за аматери.
„Свечено се колнам дека со аматерите од Mercedes-а Bg никогаш повеќе нема да имам ништо. Ви го советувам тоа на сите. Срамно“, напишал Јоксимовиќ на „Твитер“.
Српската естрада често се појавува на настани со своите скапи автомобили. Некои плаќаат за нив и до 700.000 евра, а повеќето од нив во својата гаража имаат по цели возни паркови.