Хрватската пејачка Жанмари Перчиќ летово го користи до максимум уживајќи во едно од хрватските крајбрежја.
Пејачката сака да го искористи одморот до максимум пред претстојните есенски ангажмани. Перчиќ на „Инстаграм“ објави фотографија што ја направи нејзиниот сопруг Марио Перчиќ.
Пејачката е позната по тоа што редовно се фали на социјалните мрежи со својата совршена линија и форма, а на последната нејзина објава напиша дека е во потрага по смислата за живот и дека летото за неа сѐ уште не е готово.
„Најдобриот задник во Хрватска. Блазе си му на сопругот. Изгледаш како милион долари и подобро“, се само некои од коментарите што Жанмари ги доби под фотографијата.
Ниту нејзиниот сопруг не остана рамнодушен. Марио воодушевен од формата на неговата сопруга беше заинтересиран колку килограми крева во сала за вежбање.
Се венчаа во 2014 година, а ја имаат ќеркичката Габриела.