(Фото) Жељко Самарџиќ го врати стариот имиџ

Пејачот Жељко Самарџиќ ги избричи брадата и мустаќите што му беа заштитен знак последните неколку години. Сега, тој е со стариот имиџ, а фановите се воодушевени од промената. „Браво конечно оној стариот Жељко“, „Брадата имаше посебен шмек, но ова си ти“, „Сега си супер“, „Време беше да се избричиш“ се само дел од коментарите што му ги оставија обожавателите под фотографиите што Жељко ги објави на „Инстаграм“.

Пејачот неколку години носеше брада и мустаќи, па многумина го споредуваа со Д’Артањан од тројцата мускетари. Но, и често му коментираа дека не им се допаѓа неговиот изглед. Тој, пак, во интервју неколкупати рече дека ќе се врати на старо, но во оној момент кога сопругата ќе му каже да се избричи.

Scroll to Top