(Фото) Ѕвездата на „Гранд“ Стефан Ликиќ го менува полот

Ѕвездата на „Гранд“ Стефан Лукиќ го менува полот, пренесоа српските медиуми. Лукиќ во 2013 година за првпат настапи во шоуто и многумина му предвидоа успешна кариера.

Пејачот од Крушевац повеќе не сака да биде маж, па сега сака да направи промена на полот, а го смени и името во Стефи Газела.

„Долго време беше во врска. Откако раскина голем број девојки му се пуштаа. Но, сега сака да стане жена. Сите се чудиме зошто. Никој не претпостави дека ќе се одлучи на вакво нешто. Ќе го остави и бендот со кој години наназад настапуваше низ клубовите“, рече извор близок до Стефан.

Додаде и дека Стефан веќе носи обетки, се шминка, ја фенира косата и генерално има навики на една жена кога е изгледот во прашање.

„Се навредува ако некој му се обрати како на машко. Не му одговара. Кога ќе зборувате со него постојано одговара како да е женско. Сега ќе почне со хормоните, па полека ќе закаже и операција“, рече изворот.

Scroll to Top