Фотографии од ќерката на Здравко Чолиќ се појавија на „Тиндер“

Фотографии од постарата ќерка на Здравко Чолиќ, Уна биле искористени и под лажно име биле објавени на сајтот за запознавање Тиндер.

Биле споделени фотографии на кои таа е облечена во костим за капење.

„Не знам како функционира ова, но кој има Тиндер нека го блокира пациентот, кој се претставува како мене. Благодарам“, напишала Уна на својот Инстаграм профил.

Инаку, Уна Чолиќ активна е на социјалната мрежа Инстаграм, често објавува фотографии и од нејзиниот секојдневен живот, домот, каде спие, каде се капе, со кого и каде го поминува времето и одморите.

На нејзиниот профил често може да се видат фотографии од дневната соба, бањата, спалната соба, што е случај и со нејзината помала сестра Лара.

Scroll to Top