Фотографија од Ристовски и 39 години помладата девојка само во костим за капење, актерот го споредуваат со Џејмс Бонд

Актерот Лазар Ристовски отпатува на Малдивите со неговата 39 години помлада девојка Аница Лазиќ.

Таа на својот Инстаграм профил објави фотографии од споменатиот остров, но сега сподели и една со актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anica Lazic (@anicalazicofficial)

На фотографијата тие двајца излегуваат од кристално чистата вода и се држат за раце, уживајќи во љубовта заедно.

„Кога тој води, не прашувам каде“, напиша Аница во описот на објавата.

Под објавата се појавија коментари, а еден особено го привлече вниманието, бидејќи актерот го споредуваат со Џејмс Бонд.

„Се викам Ристовски, Лазар Ристовски“, е само еден од коментарите.

Лазар Ристовски не сака многу да зборува во медиумите за врската со помладата девојка.

Scroll to Top