„Фрајле“, амабасадорки на добрата забава

Пејачките Наташа Михајловиќ и сестрите Јелена и Невена Буча од популарната група „Фрајле“ од Нови Сад, годинава ќе го прослават 14 роденден. Периодов им е исполнет со голем број закажани концерти и турнеи низ регионот па од медиумите ја доделија титулата „Амбасадордки на добрата забава“.

„Оваа титула за нас е голема чест бидејќи истата ја потврдува посветеноста која ја имаме во својата работа и желбата да сите емоции кои се наоѓаат во нашите песни се пренесуваат на публиката. Сега веќе после 14 години тоа е взаемна љубов помеѓу нас и нашата публика и прилика да со секој нов концерт, особено во Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, да ги избришеме границите и да создадеме музика за публиката од 7 до 77 години, но и за секој помлад и повозрасен”, рекоа „Фрајле“

Фановите на концертите може да уживаат во нивните сценски движења, кореографијата и автентичниот звук. И покрај големата ангажираност на турнеите девојките не мируваат, напротив, вредно работат на новиот албум, на претставата и книгата “Како станав Фрајле”.

Scroll to Top