„Фрајле“ ќе има концерт во Битола

Популарните „Фрајле“ на крајот на февруари ќе го одржат својот втор концерт во Битола. Популарниот состав од Нови Сад, Србија, ќе гостува во Центарот за култура – Битола.

Организаторите најавуваат дека наскоро ќе биде објавен точниот датум и сите други детали за концертот.

Во 2013 година „Фрајле“ настапија во склоп на „Бит-фест“ во пациото на Завод и музеј – Битола.

Scroll to Top