„Фрлете ја во затвор, таму нека пее“, фановите бесни на Алексанра Пријовиќ

Настапот на Александра Пријовиќ пред 450 луѓе на еден сплав во Белград, без претходно да има прецизна потврда дека не е заразена од коронавирус, предизвика бес во јавноста.

По објавата во медиумите, голем број на луѓе во своите коментари го изразија својо гнев кон пејачката и ја повикаа на одговорност. Тие и замеруваат на Пирјовиќ затоа што не го откажала настапот и не заминала во самоизолација.

Тие ги обвинија и сите оние кои биле на нејзиниот настап, затоа што знаеле на каков ризик се изложуваат.

„Неодговорноста треба да ги чини и тоа многу. Гајле им е нив за короната, важно е да се забавуваат. По тестот на антителата, потребно е 14 дена да бидат во изолација, а потоа повторно да направат тест“, биле некои од коементарите.

Имало и такви поригорозни, кои сметале дека пејачката поради своето неодговорно однесување, требало да заврши зад решетки.

„Испратете ја во затвор, па нека пее таму. Веднаш на робија од 12 години. Дали смее да ја уапсат неа? Дали важи законот за естрадата или само за нас обичните смртници? И сега, ние нормалните кои ги почитуваме мерките, треба да седиме повторно дома по 24 часа? Повторно морам да носам скафандер поради овие. Ја молам државата да им застане на патот на оние што се нарекуваат естрада. Со своето однесување ги загрозуваат останатие“, пишува во некои од коментарите.

За потсетување, Александра Пријовиќ, како и многу други јавни личности, беа на прославата кај Цеца Ражнатовиќ пред осум дена, по повод раѓањето на нејзиниот внук Жељко. Како што е потврдено, Цеца и нејзиниот син Вељко беа позитивни на Ковид-19.

Тоа значи дека сите кои биле на таа прослава требало да се тестираат на коронавирус. Пријовиќ изјавила дека направила тест на антитела кој бил готов истиот ден и се покажал негативен. Но, тој тест е неуверлив, што покажало и со примерот на Цеца и Вељко.

И тие на почетокот направиле таков тест кој се покажал како негативен, но подоцна на прецизниот PCR тест се покажало дека и двајцата се позитивни на коронавирусот.

 

 

Scroll to Top