Фудбалерот на Јувентус Душан Влаховиќ е во врска со италијанската мисица Каролина Страмар

Медиумите во Италија периодов пишуваат за врската меѓу фудбалерот на Јувентус Душан Влаховиќ и бившата италијанска мисица Каролина Страмар. Каролина неодамна имаше и интервју во кое зборуваше за српскиот напаѓач, кого го нарече специјален. Рече дека врската ја почнале во најлош момент за неа.

„Не можеше да се случи во полош момент. Тогаш имаше големи успеси во Фиренца, а кога дојде во Јувентус, почна нов живот. Тоа беше друга реалнсот за него која не ја очекуваше. Преку ноќ се пресели во Торино и животот му се промени за 360 степени. Видов промена кај него за неколку дена. Кога го земаа од Фиренца да го донесат во Торино кај навивачите на Јувентус, во клубот од Фиорентина се обидоа да го закопаат и да му наштетат“, рече Каролина за „Тутоспорт“.

Имаше и неколку комплименти за фудбалерот и додаде дека секогаш давал сè од себе затоа што е Србин и дека многу му бил важен Јувентус.

„Секогаш му завидував. Му завидувам на неговата концентрација, неговата желба да ја постигне целта на работа и многу е благодарен на тоа што го има постигнато. Јувентус сака да го искористи тоа кај него“, додаде Каролина која кај фановите е позната и како италијанската Меган Фокс.

Во Италија стана мисица во 2019 година. Голем навивач е на Јувентус, а работела и како новинарка во Серија Б. Фудбалот не и е непознаница.

Scroll to Top