Фудбалерот Вида го славеше успехот на Хрватска со песна на Шабан

Хрватскиот дефанзивец Домагој Вида со песна на Шабан Шаулиќ, „Кралица на моето срце“, го прослави одличниот резултат на репрезентацијата на Светското првенство во Русија.

Еуфоријата кај „коцкестите“ трае до ден денес. Славјето за освоеното второ место на мундијалот во Русија, започна уште откако заврши мечот со Франција кој Хрватите го загубија со 4:2.

Многу информации, снимкки и фотографии од краевите на Хрватска, го обиколија Балканот. На нив може да се види како ги дочекуваат фудбалерите и се прославува историскиот успех на хрватскиот фудбал.

Scroll to Top