Гаги Џогани од популарниот бенд од 90-тите, „Фанки џи“, вчера е уапсен во Белград, а полицијата кај него пронашла две ќесички кокаин. Според Кривичниот законик, тој може да добие казна затвор од три години или глоба за неовластено поседување мала количина наркотици, а може да биде и ослободен ако открие од кого ја примил дрогата.
Веста за неговото апсење во јавноста беше примена со неверување, а многу колеги музичари му изразија поддршка. Бргу по апсењето, Гаги беше пуштен на слобода, а преку „Инстаграм“ испрати порака.
„Добро сум. Ви благодарим за грижата. Имам проблеми, но самиот ќе ги решам! Ви благодарам за разбирањето“, напиша тој.
Пред да биде уапсен Гаги денот го поминал со пејачката Наталија Трик Еф-Икс. Таа, по апсењето, за „Телеграф“ изјави дека Гаги не користел наркотици пет години и дека е изненадена што кај себе имал кокаин.
„Не ми се верува дека тој повторно почнал да користи дрога. Тој беше чист пет години. Кога прочитав дека е уапсен, мислев дека е шега. Денес бев со него и воопшто не ми се чинеше дека е под дејство на наркотици. Изгледаше сосема нормално. По сè за што зборуваше во ‘Задруга’ и за неговата борба, навистина не ми е јасно зошто им се вратил на наркотиците. Мислам дека можеби некој го намести. Најмногу жалам за децата и за неговиот брат и сестра, кои беа со него“, рекла таа.
Гаги, кој е поранешен маж на Анабела Атијас, а татко на Луна Џогани, оваа година учествуваше во реалното шоу „Задруга“. Таму често зборуваше за својата поранешна зависност и како се излекувал од наркотиците.