(Галерија) Александар Гуглета од „Металург“ стана македонски зет

Ракометарoт на „Металург“, Александар Гуглета, викендов се ожени и стана македонски зет. На венчавката, која се одржала во хотелот „Континентал“, присуствувале сите играчи и членовите на стручниот штаб на клубот, пишува „24 ракомет“.

Десното крило на „Металург“ на својот инстаграм-профил објави фотографија од свадбата под која напиша „штотуку венчани“, по што следуваа честитки и желби за среќен живот од неговите пријатели и следбеници на „Инстаграм“.

 

Scroll to Top