(Галерија) Брена е како Тина Тарнер, се симна од покрив и го фрли Скопје во транс

Четири полуголи танчери ја чекаа Лепа Брена на сцена, додека таа од покривот на салата се спушти на ѕвезда. Вака балканската фолк-ѕвезда го почна концертот во Скопје.
Публиката е во транс, се вреска и се пее на секоја песна. Салата е преполна. Концертот Брена го почна со песните од новиот албум. Целата сала ги пее на глас. Иако среде песна откажаа слушалките на фолк ѕвездата, па ги смени набризна, тоа ни малку не беше причина публиката да не ужива во нејзиниот перформанс.
Атмосферата се разгорува со секој нов стајлинг на Брена, која на сцената пее и игра со 12 секси танчерки.
Во салата настана колективен транс додека Брена ја пееше песната „Југословенка“.

Овој концерт на Брена е реплика на концертот неодамна одржан во Белград, за 35 години музичка кариера.

Фото: Д. Перковски

Scroll to Top