(Галерија) Брена и Бобо платиле милион долари за монтажна куќа во Мајами

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ платиле милион долари за монтажна куќа во САД, пишуваат медиумите. Куќата е изградена во 1950 година и е типичина монтажна американска куќа. Има површина од 222,96 квадратни метри и е со две бањи, кујна и трепезарија.

Извор близок до пејачката вели дека во Америка тие немаат послуга која ги служи и дека самите си ги завршуваат домашните обврски.

„Брена таму оди за да се одмора, но ги работи и сите домаќински работи затоа што нема слуги и готвачи. Кога ќе го напушти Балкан, Брена е многу обична“, вели изворот.

Покрај недвижнините во Мајами и Белград, Брена и Боба наводно имаат и стан во Монте Карлo.

Scroll to Top