(Галерија) Брена потроши пола милион евра на луксузен одмор

Лепа Брена и нејзиното семејство наводо потрошиле пола милион евра за летувањето што траело 77 дена, пишуваат српските медиуми. Фолк-ѕвездата заедно со сопругот Боба Живојиновиќ, синот Филип, снаата Алексадра Пријовиќ и внукот Александар, и со синот Виктор и девојката, одмораа пловејќи по Медитеранот и Јадранот, а ги посетија Франција, Италија, Монако, Хрватска и Црна Гора.

„Само летот со приватен авион Белград – Ница чини 8.000 евра. Во Монако имаат луксузен стан и не мораа да плаќат за сместување. Децата им се придружија подоцна, и двајцата пристигнаа со различни летови, а цената е таа. Излегуваа во најелитните ресторани, со скапи вина, специјалитети. За една вечер знаеја да потрошат и по 5.000 евра“, раскажал извор близок до семејството за „Информер“.

Бидејќи нивната јахта во еден момент ја оставиле во Црна Гора, според соговорникот најмногу пари потрошиле на изнајмувањето на јахтата „Салоренцо“.

„Платија околу 240 илјади евра за неа, а бидејќи ангажираа и скипер, одвоија по 2.500 евра за неговата месечна плата. Само паркингот за пловилото во Монако чини 1.000 евра дневно, додека во Хрватска и Црна Гора цените се околу 200 евра на ден“, додал тој.

На летувањето во Монако со Брена и Боба се дружеа Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, а сега во Хрватска е заедно со Нина Бадриќ.

Scroll to Top