(Галерија) Драгана Мирковиќ го покажа домот

Фолк-пејачката Драгана Мирковиќ долги години живее во Виена. Нејзиниот живот во Австрија секогаш го привлекувал вниманието на јавноста, уште повеќе откако еден американски портал напиша дека по заработувачката таа би можела да се мери со светските ѕвезди.

Драгана, пак, ги отвори вратите на својот дом за екипата на еден српски весник и тие објавија фотографии од вилата во којашто живее пејачката. Вилата има затворен базен, копии на познати уметнички дела, бања со мијалник со сваровски-кристали, детали со версаче мотиви, а она што им привлече особено внимание се украсните рогови со сваровски-кристали.

 

Scroll to Top