(Галерија) Јелена Розга ја собра цела српска естрада на спектакуларен концерт во Белград

На ниво на најголемите светски музички ѕвезди, хрватската пејачка Јелена Розга синоќа оддржа спектакуларен концерт во преполната Штарк Арена, во Белград.

На сцената имало бенд кој ја следел за време на изведбата, беспрекорна сценографија и специјални ефекти, до добро координирани танчери и најсовремена аудио-визуелна продукција потпишана од  Скајмјузик.

Српските медиуми пишуваат дека Розга на концертот ја собрала цела српската естрада. Да ја слушаат Розга присутни биле Наташа Беквалац, Јелена Карлеуша, Александра Пријовиќ со сопругот Филип Живојиновиќ, Сергеј Ќетковиќ, Југослав Кариќ.

Концертот, кој беше распродаден дури два месеци однапред и за кој се бараа билети повеќе, направи хаос во главниот град, бидејќи веќе од раните попладневни часови реки од народ се движеле кон белградската Штарк Арена. Вистинската експлозија се случила веќе со првите тонови, која, проследена со овации и долготрајни и громогласни аплаузи, го означило почетокот на досега невидениот концертен спектакл кој бел отворен со песната „Не е моја работа“, па дури и тогаш било јасно дека неверојатната енергија и искрената емоција на Розга во комбинација со извонредниот вокал ги освоила срцата на публиката во Арената.

Суверено владеејќи со сцената и не препуштајќи ни ни најмал детаљ на случајноста, на ниво на светски изведувач, Розга, под диригентската палка на уметничкиот директор Милош Шаровиќ, го осмислила својот настап во три дела. Настапот го комплетираа танчери и неверојатна кореографија, за која била задолжена најдобрата европска кореографка Жига Солтар, додека костимите ги дизајнирло модното дуо ENVY. Повеќе од 400 квадратни метри LED екран, над 300 уреди за осветлување и повеќе од 500 илјади вати звук директно од Скајмјузик, дополнително придонеле за целокупното искуство во Арената.

Веќе по првата песна се ределе хитовите од нејзината соло кариера, но и од периодот кога пеела во групата Магазин, како „Нирвана“, „Бижутерија“,  „Укус ментола“, „Денису без броја“, Гинем“ и многу други, додека публиката, која била од целата земја, и дала на пејачката дополнителна поддршка во текот на целата вечер, пеејќи го секој нејзин хит.

„Не можам да ви опишам колку сум среќна и возбудена. Им благодарам на сите што ме поддржаа и секако, на мојата најдобра публика која секојдневно ми дава безрезервна поддршка и љубов. Благодарение на нив моите соништа се остваруваат. Жал ми е што голем број не успеаа да купат билети, но се надевам дека наскоро ќе има можност повторно да се видиме“, изјавила Розга по концертот.

Scroll to Top