(Галерија) Јелена Тодоровиќ прогласена за најубавата кошаркарка во светот

Јелена Тодоровиќ од Србија е прогласена за најубава кошаркарка во светот, пишуваат српските медиуми. Претходно ова титула ја држеше Антонија Мишура од Хрватска.

Јелена во 2016 година беше прогласена за Мис универзум во Австралија. Таа со години живее во Австралија, а од Србија нејзиното семејство се иселило во деведесеттите години, кога имала само 7 години.

Љубовта кон кошарката ѝ се родила во 2002 година, кога поранешна Југославија  го освои златото на Светското првенство во Индијанаполис. Почнала да тренира и брзо потоа го облекла дресот на нејзиниот омилен клуб, Црвена Ѕвезда.

Во меѓувреме завршила факултет во Белград. На крај се вратила во Австрлија, каде станала модел. Во 2016 година била избрана за Мис на Австралија.

Многу брзо прошетала на голем број модни писти и се нашла на насловните страници на бројни модни списанија. Кошарката никогаш не ја оставила. Јелена и понатаму активно игра во клуб во Австралија.

 

 

Scroll to Top