Српската ѕвезда Јелена Карлеуша (41) на снимањето на последната емисија од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ дојде облечена во комбинезон со тропски дезен од колекцијата на „Версаче“. Зелениот комбинезон со длабоко деколте е од најновата колекција на Донатела Версаче, која е целосно инспирирана од популарниот фустан што Џенифер Лопез го носеше 2000 година на Греми наградите. Новата верзија на фустанот, Џеј Ло ја облече пред неколку месеци на Модната недела во Милано, кога „Версаче“ ја промовираше колекцијата пролет-лето 2020. Карлеуша често носи креации од „Версаче“ и во шоуто и на своите настапи, а не е тајна дека понекогаш го копира стилот на Лопез.