(Галерија) Кој е Леон, згодниот дечко што пее со Северина

Стефан Димитријевиќ – Леон е момчето што не можете, а да не го забележите во најновиот спот на Северина, „Хазардер“. 19-годишниот Леон е роден во Србија, живеел во Швајцарија, но се врати во родната земја за да направи музичка кариера. Дуетот со Северина е, секако, одличен почеток.

Освен што го привлекува вниманието со својот изглед, Леон пее одлично, но уште подобро танцува. Специјалност му е брејкденс.

Од оваа недела Леон ќе можете да го гледате и во четвртата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“.

Scroll to Top