(Галерија) Мирисот на Далмација во љубовните песни: Петар Грашо растури во Филхрамонија

Мирисот на Далмација и топлината на рапавиот глас на хрватскиот пејач Петр Грашо, вечравчер беа вистински мерк во Македонската Филхармонија. На првиот од трите  концерти, Грашо навистина пееше од срце.
„Скопје е едно од четирите места во Европа каде ми убаво. Вашата енергија, храната, доброто вино…. Ви благодарм “,  рече сплитскиот кантавтор.  Низ музиката и неговите познати, но и нови песни, уживаше и тој на сцената и публиката ….Се присети и на Оливер Драгојевиќ, за кој вели бил горд што на 16 години му напишал песна.

Вели:  „Тој два дена порано доаѓаше во Скопје, за да се ‘подготви’ добро за концерт, а и јас со него“, мислејќи на кафеаните и виното во кој Оливер уживал кога е во Македонија. Секоја песна на Грашо ја воодушевуваше публиката, како и приказната за неговата љубов кон Данијела Мартиновиќ. За нејзина љубов ја испеа  „Нека ми не сване“, со која таа освои четврто место на „Евросонг“ во 1998 година. Тој откри дека песната ја напишал за себе, но морал да и ја даде на Данијела, оти нејзе и се допаднала. “Морав да попуштам“, вели тој.

Грашо вчеравечер го донесе мирисот на оној далмтински шмек….од новата „Ако те питају’, која ручи рекорди, преку старите песни, како „Ко нам брани“. Вечрева и утре потвроно пее , а концертите  се распордадени. Организатори се Авалон продукција.

Редакција Репортер 

Фото: Стефан Рејхел

Scroll to Top