(Галерија) По 35 години, ги отворам вратите од мојот дом: објавени првите фотографии од „Цеца шоу“

By

Во ексклузивната играно-документарна серија  „Цеца шоу“, семејството Ражнатовиќ ќе се престави од поинаков агол. Емитувањето ќе започне на 7 октомври, а гледачите ќе имаат можност да се запознаат со сите членови на семејството уште во првата епизода.

dobivaj vesti na viber

Докуметарецот ќе се прикажува на  „Блиц ТВ“, односно на МТС канал 115, кој е со информативни и забавни содржини.

„Камерите ги следат Ражнатовиќ со месеци. Тие беа со Вељко на неговите тренинзи и натпревари. Како изгледа кога го поминува времето со сопругата Богдана и синот Жељко. Исто така камерите снимат се’ што се случува во животот на Анастасија, со кого се дружи, каде оди преку ден, како подготвува песни во студио, оди на деловни состаноци, фотосесии за списанија и многу други настани кои ја придружуваат најмладата музичка ѕвезда во Србија“, раскажуваат луѓе кој работат на овој проект. И додава додава:

„Цеца сега ќе открие голем број тајни од животот. Ќе видиме некои работи кои и се случија во нејзиниот живот и целосно и го сменија. Но, тоа ќе евоцира и настани од минатото кои го одбележале нејзиниот живот. Во продолжение ќе видиме како изгледа внатрешноста на куќата и како функционира животот на Цеца и нејзината сестра Лидија, која јавноста никогаш не ја видела да дава интервјуа“,  додава изворот. Цеца, со нетрпение очекувала да ја претстави својата играна документарна програма пред публиката.

“Во мојот живот не беше секогаш се’ како што сакав. Во јавноста има различни верзии од мојот живот: реални, лажни, тенденциозни, измислени. А каков е навистина моето секојдневие далеку од сцените и камерата? Кого навистина го сакам, кој најдобро ме познава, во што уживам, кој најлесно ме исфрла од колосек? А колку навистина се трудам да си го разубавам животот, ќе видите во серијата која е пред вас. По повеќе од 35 години кариера и јавен живот, ја отворам вратата од својот дом за камерите да ме следат моето семејство и мене. Добредојдовте “, изјави Цеца за српските медиуми. И додава:  “ Гледачите ќе имаат можност да го видат мојот начин на живот, само што овој пат ќе биде поинтензивен, ќе се прикажат многу работи од мојот живот, како изгледа денес и како изгледаше во минатото. Мислам дека ќе можам да се снајдам, но не сум сигурна за останатите членови на семејството, но тие ќе се прилагодат. Сега кога го покажувам мојот живот, тоа е ново искуство за мене. Растеа со камерите и медиумите откако ми беа во стомак“

 

 

Ќе ви се допадне