Хрватската ѕвезда Северина е голем фан на Кристијано Роналдо. Таа на својот инстаграм-профил објави фотографија на која е сликана со фудбалската легенда и со сопругот Игор Којиќ. Претходно, Северина се пофали и дека била на стадионот Сантијаго Бернабеу во Мадрид и дека навивала за „Реал“ во мечот против „Јувентус“.
На натпреварот бил и нејзиниот син. Таа објави неколку слики на кои навива со синот и сопругот од една од ВИП ложите на стадионот.