(Галерија) Сораја со клешти го исече свршеничкиот прстен

Српската старлета Сораја Вучелиќ ја раскина свршувачката со Владимир, рускиот милијардер кој лани ја побара за жена. Таа на „Инстаграм“ објави неколку слики на кои  драматично, со клешти, го сече дијамантскиот свршенички прстен вреден 150.000 евра. „Повторно сингл“, напиша таа на една од сликите.

Сораја долго време криеше дека е свршена. Кога јавноста дозна за веридбата, таа само потврди и откри дека тој ѝ купил „ламборџини“. Медиумите, пак, пишуваа дека таа не зборува за свршеникот затоа што тој е женет, а таа му е само љубовница. Таа никогаш не објави слика со него на социјалните мрежи.

Scroll to Top