Балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, во секси проѕирен фустан, со тул и тантела, вчера го прослави својот 45 роденден. На роденденот дојдоа нејзините најблиските пријатели, како и синот Вељко со свршеницата Богдана, а тука беше и ќерката Анастасија, која дојде во црно бела комбинација.
На роденденот биле голем број на музички ѕвезди, меѓу кои и Аца Лукас, Ацо Пејовиќ, Харис Џиновиќ, актерот Милан Калиниќ, тука бил и Ивица Дачиќ… Пејачката го помести својот роденден неколку денови подоцна поради тоа што на денот на нејзиниот роденден нејзиниот син имал важен бокс меч.