(Галерија) Српската елита на свадба кај Брена

Српските медиуми во живо ја пренесуваат „свадбата на годината“ како што ја нарекуваат свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ. По приемот утрово во домот на Брена и Боба и венчавката во црква, пред еден час почна и свадбената веселба во „Експо центар“ во Белград, каде што ќе присуствуваат околу 900 гости. Освен семејството и блиски пријатели, на свадбата се поканети и луѓе од српскиот џет сет, спортисти, музичари, глумци, политичари.

Меѓу првите на црвениот килим се појавија Жељко Јоксимовиќ со сопругата Јована, кумовите Ацо Пејовиќ и Милош Теодосиќ, Дејан и Саша Матиќ со сопругите, Саша Поповиќ, Милица Тодоровиќ и многу други.

Брена на свадбата дојде облечена во шарен костум. Српските медиуми го пофалија нејзиниот избор, но напишаа и дека не очекувале палто и панталони, туку уште еден елегантен и гламурозен фустан.

Scroll to Top