(Галерија) Цеца собра 12.000 луѓе на Роштилијада, лесковчани се забавуваа како да нема корона

Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ синоќа одржа концерт во Лесковац, на познатата манифестација на храна и пиво, „Роштилијада“. Преку 12.000 луѓе се забавуваа на концертот, со најголемите хитови на балканската ѕвезда. Играа и пееја сè до полноќ, без маски и дистанца, како да нема корона.

„Мило ми е што вечерва сум повторно меѓу моите јужњаци. Никогаш не сум заборавила од каде сум и од каде доаѓам. Лесковчани се фантастична публика и верувам дека заедно ќе направиме спектакл“, рекла Цеца на концертот.

Таа викендов има концерт во Бугарија, а потоа и во Кикинда.

За потсетување, минатата недела пејачката го откажа концертот во Пробиштип, со кој требаше да се одбележи јубилејот 10 години постоење на Аква паркот.

Концертот беше откажан поради зголемениот број на новозаразени со корона. Од Аква паркот најавија дека нема да прават забава и велат дека јубилејот ќе го прослават догодина.

 

Со концерт на Цеца, Аква паркот во Пробиштип ќе слави 10 години јубилеј

 

 

Scroll to Top