(Галерија) Вежбајте како Ана Ивановиќ за да останете во кондиција

Поранешната српска тенисерка преку „Инстаграм“ им покажа на своите фанови неколку вежби, кои можат да помогнат да останат во кондиција, во овој период додека се дома во изолација.

Таа на социјалните мрежи објави дел од атмосферата во вежбалната во која тренираат таа и нејзиниот сопруг, поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнтајгер.

„Го обожавам чувството после добар тренинг“, напиша Ана, под фотографиите.

Ана во тесни хеланки покажа дека е во извонредна форма. Таа се надева дека на овој начин ќе ги мотивира и другите да бидат физички активно по дома и дека одработката на некој тренинг добро ќе им дојде на сите. Сите ќе се почувствуваат подобро и физички и ментално после неколку вежби, вели Ана.

Ивановиќ неодамна донираше 35 респиратори на властите во Србија, по што доби голем број пофални коментари од своите фанови.

 

Scroll to Top