(Галерија) Во прегратка на сопругот, розеви балони и торта, Неџла го прослави 37. роденден

Турската актерка Фахрије Евџан го прослави 37. роденден. Со сопругот Бурак Озвџит, таа објави фотографии од роднденската забава.

На фотографиите се нивните два сина, а на забавата имало розеви балони и торта со ликот на актерката.

Фахрије била облечена во долг тренди тексас фустан и бели штикли, додека нејзиниот сопруг носел бела кошула и црни панталони.

„Здраво! Ова е мојот роденден“, напиша Фахрије Евџан. Додека Бурак пак и посака убави желби на сопругата.

„Љубов моја. Имај убава година драга моја, те сакам“, напиша Бурак Озвџит.

Scroll to Top