Гледачките плакнат очи на Демир – згодниот шеф на Ѓокче

Македонските гледачки уште по првата недела на емитување на серијата, се затрескаа во новиот турски заводник Демир од серијата „Љубовта на мојот живот“.

Демир е толкуван од Серкан Чајоглу, турски актер, манекен и модел. Роден е во 1987 година во Германија, каде израснал и работел како модел.

Вистинска слава доживува со улогата во хит серијата “Сезона на цреши”, по што следи и “Љубовта на мојот живот”. За време на снимањето на Црешите, тој ја запознава актерката Узѓе Ѓурел, со која набрзо ќе стапи и во врска.

Во “Љубовта на мојот живот”, Серкан го толкува Демир, сопственик на маркетинг агенцијата каде што работи Ѓокче, образован и богат ерген, сон на секоја жена во Истанбул. Но, проблемот е што тој не и обрнува внимание на Ѓокче, а таа несвесно запаѓа во смешни ситуации поради нејзината опседнатост со шефот.

Во продолжение погледнете ја приватната галерија на Демир – Серкан Чајоглу.

Scroll to Top