Глумевме љубовен пар во реклама, па потоа се заљубивме во реалноста – Љубовната приказна на Драган Бјелогрлиќ и сопругата Маја

Српскиот актер, Драган Бјелогрлиќ веќе 26 години е во брак со сопругата Маја. Драган и Маја Бјелогрлиќ имаат две деца, синот Алексеј и ќерката Миа.

Алексеј тргна по стапките на својот татко и е актер, додека Миа е политиколог и продуцент. Пред повеќе од две децении актерот добил понуда да сними реклама, а тоа го искористил како прилика да ја придобие сегашната сопруга, која веќе ја познавал во тоа време.

„Неколку месеци откако се запознавме, добив понуда да снимам реклама за кујнски мебел, во која требаше да имам партнер, се сетив на Маја. Не бев сигурен дали е воопшто во Белград, но имав среќа токму тогаш дојде на есенскиот испит, па ја ангажирав да глуми со мене во реклама. Отпрвин само глумевме дека сме заљубен пар, а набрзо потоа навистина се вљубивме“, изјавил Бјелогрлиќ за „Стори“.

Маја се занимава со мода, работеше во Виена и Париз, а покрај тоа дипломираше и англиски јазик и литература. Актерот често зборуваше за Маја како негова најголема поддршка во животот, како и дека таа е одговорна за нивниот хармоничен брак и среќен.

Scroll to Top