Гога Секулиќ ќе ги вади силиконите

Пејачка Гога Секулиќ ќе ги извади силиконите, пишуваат српските медиуми. Таа закажала операција за февруари, кога ќе вгради нови, но помали. Според пишувањата, Гога веќе две години има проблеми со силиконите на градите. Таа од 2017 година чувствува болки во грбот поради големината на силиконите, а лекарите уште тогаш ја советувале имплантите да ги замени со помали.

Пејачката потврди дека ќе прави операција во февруари, велејќи дека веќе не ѝ прилегаат толку големи гради на годините. Таа откри и дека потоа ќе се врати на музичката сцена и ќе биде поактивна на професионален план.

Scroll to Top