Гога Секулиќ се подготвува за улогата на мајка

Српската пејачка Гога Секулиќ наскоро за прв пат ќе се оствари во улогата на мајка. Таа со својот партнер Урош Домановииќ чекаат син.

Гога поради бременоста ги одложи своите деловни обврски, а иако сега е во петтиот месец од бременоста, таа е активна и се има посветено на вежбањето.

„Гога е активна трудница и не мирува ни секунда. Затоа се одлучи да посетува јога. Таа посетува еден јога центар во Цирих. Гога не сака да има деформации на телото по породувањето и сака што побрзо да ја врати првобитната состојба. Исто така Гога постојано се обидува да биде во опкружување кое тотално може да ја опушти. Таа истовремено со помош на јогата се подготвува за самиот чин на пораѓање. Во рамки на програмата за трудници, таа практикува и вежби за дишење кои ги користат жените кои се пораѓаат по природен пат“, вели пријателка на Гога Секулиќ.

Scroll to Top