Ѓоковиќ на вечера со позната турска актерка

Светскиот број еден тенисер Новак Ѓоковиќ забележан во друштво на познатата турска актерка Зејнеп Утка, во Катар.

На социјалните мрежи се појави фотографија од славниот тенисер со актерката, што предизвика коментари на неговите фанови на социјалните мрежи. Фотографијата е направена додека тенисерот присуствувал на големото финале на Мундијалот во Катар, како дел од престижниот настан и уживал во гала вечерата што беше организирана по тој повод.

Зејнеп на својот Инстаргам ја споделила фотката со Новак и напишала „прекрасна вечер со Новак Ѓоковиќ“.

Таа инаку е ко-основач на Глобарт, организација за современа уметност и филантропија фокусирана на корпоративни колекции и јавна уметност, а се претпоставува дека Ноле разменил некои нови визии и идеи со неа.

Scroll to Top