Ѓоковиќ најдобар спортист на Балканот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е најдобар спортист во 2019 година според изборот на новинските агенции од Балканот, што го организира бугарската БТА.

Во гласањето во кое учествуваше и македонската информативна агенција МИА, Ѓоковиќ освои 73 поени, пред кошаркарот на Милвоки Јанис Адетокунбо, со 45 и романската тенисерка Симона Халеп која собра 40 поени.

Од македонските спортисти најдобро котира ракометарот на Вардар, Стојанче Стоилов со 18 поени.

Scroll to Top