Ѓоковиќ побара специјален термин за мечот, сака да го гледа финалето ПСЖ-Интер

Според „Еуроспорт“, Новак Ѓоковиќ побарал дуелот од третото коло на Ролан Гарос, против Австриецот Филип Мишолиќ, да се игра утре попладне.

Причината е желбата на најдобриот тенисер на сите времиња да го гледа финалето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Интер, кое е закажано за 21:00 часот.

Вчера, по победата против Корентан Муте (6:3, 6:2, 7:6), Новак за кого ќе навива на натпреварот што ќе се игра во Минхен:

„Ќе навивам за Пари Сен Жермен. Дефинитивно ќе го гледам тој натпревар ако не морам да играм во тој момент“.

Секако, некој ќе каже дека Новак е со францускиот шампион затоа што игра во Франција, но не треба да заборавиме дека во текот на својата кариера повеќе се дружел со некои поранешни париски асови, од Златан Ибрахимовиќ до Нејмар до Лео Меси.

Не треба да се заборави дека Ѓоковиќ, кога е во прашање меѓународниот фудбал, навива за Милан, кој е градски конкурент на Интер.

Scroll to Top