Ѓоковиќ размислувал да се повлече од тенисот, Јелена го вразумила

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓокоиќ во интервју за германски Die Welt откри детали од неговиот однос со сопругата Јелена, нешто за кое вели ретко, речиси никогаш не говори.

Србинот се потсетил и на најтешките моменти во својата кариера и ја апострофираше улогата на својата сопруга Јелена во враќањето на патеката на славата.

„Сè и должам на мојата сопруга Јелена. Таа ми помогна кога бев буквално скршен. Ми помогна кога немав повеќе мотивација да играм тенис. Повеќе не ми се допаѓаше тенисот и се прашував дали е вредно постојано да се носам со заморот и болката. Сакав да прекинам“, изјавил Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ сега е повторно прв на АТП листата, а по 2017 година, па се до половината на 2018 година, ништо на теренот не му одеше од рака. Почна со повредата на лактот, а продолжи и откако го реши овој проблем.

„Се обидував да се пронајдам себе си, но безуспешно. Бев нервозен, не играв добро и еднаш кога ќе влезете во таква дупка, сè повеќе и повеќе тонете. Се обвинував за тоа“, продолжи Србинот.

Ѓоковиќ се потсети и на сензационалното испаѓање од „Ролан Гарос“ во 2018 година, од Марк Чекината.

„Тогаш Јелена ме „излечи“, ме охрабри и ми рече дека ми е потребно трпение. Моето семејство никогаш не изгуби верба во мене. Тие секогаш беа тука со мене. Трешабно само да бидам трпелив и да не го уништам она што досега сум го создавал“, вели Ѓоковиќ.

Тенисерот повторно почна да соработува со Марјан Вајд и од минатиот Вимблдон почна со вртоглавиот подем.

„Тогаш не разбирав дека не можеме да контролираме сè во нашите животи. Бев само човек кој го гледа топчето на теренот. Знаев само за важни цели, а не како да ги достгнам“, раскажува Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер сега вели дека не планира да запре и ќе продолжи да ги реди успесите.

„Дефинитивно сакам да освојам уште грен слем титули. Но сакам да бдиам во целосен психолошки баланс, односно она што го работам денес, да ми помогне утре да играм подобро. Сега сум и татко, а тоа ги менува моите обврски во животот“, завршил Ѓоковиќ.

 

Scroll to Top