Горан Бреговиќ е во депресија, постојано плаче и пие антидепресиви

Пред десетина во Сплит  почина сестрата на Горан Бреговиќ, 61-годишната  Дајана Бреговиќ-Мариќ. Загубата особено тешко го погоди Горан, а според пишувањата на српските медиуми, Бреговиќ паднал во депресија, само молчи и плаче.

„Горан беше многу поврзан со помладата сестра. Иако не живееле заедно бидејќи родителите им беа разведени, па сестрата била со татко им во Сплит, а тој кај мајка си во Сараево, тој често налето одел кај неа.  Затоа нејзината ненадејна смрт многу го погодила“, велат  за српските медиуми нивни блиск. „Не знам како ќе ја преболи загубата бидејќи депресијата сѐ повеќе зема замав. Пие и антидепресиви за да боде подобро, а неговите најблиски се надеваат дека со време ќе дојде на себе, иако загубата е нешто што не може со ништо да се надомести“, пренесуваат медиумите.

Scroll to Top