Познатиот пејач Горан Каран е ограбен во центарот на Загреб, пишуваат хрватските медиуми. Непознат крадец го обил неговиот автомобил и му ги украл музичките инструменти. Пејачот го паркирал автомобилот „опел“ со сплитски регистарски таблички пред неговата зграда, а дури следниот ден забележал дека е искршено стаклото и дека ги нема музичките инструменти што биле во багажникот. Вредноста на инструментите се проценува на околу 5 и пол илјади евра.
Полицијата од местото на кражбата зела отпечатоци и ги проверила снимките од камерите за да ги најдат крадците. Повеќето станари за медиумите рекле дека не знаат ништо, ниту виделе полиција, но дека често гледаат „шетачи како подзабавено се движат околу автомобилите“.