Ѓорѓе Давид: Не бараме натпреварувачи кои јадат хамбургери и се со стомаци до заби

Еден од членовите во жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, објаснува зошто понекогаш е строг кон кандидатите и што е тоа што тие го бараат од нив.

По дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ, во еден момент во центарот на скандал се најде и Давид, кој на едно девојче кое имаше вишок на килограми и порача дека е недозволиво да изгледа така. Поради тоа дел од јавноста го осудија дека е мизигонија.

Тој вели дека таквиот вид на критики е добар за натпреварувачите и објаснува дека оние кои не се доволни психички силни, не треба да се занимаваат со пеење.

„Начинот на кои ние од жирито сега се однесуваме кон натпреварувачите, е мед и млеко во споредба со она што ќе ги очекува утре и односот кои ќе го имаат кон нив еден ден ако станат професионалци, нивните менаџери и продуценти. Сѐ што правиме за нив е со најдобра намера. Луѓето велат дека сме суетни, но ние сме остварени и дојдовме во ситуација да можеме да живееме од оваа работа. Јас сум нивен наввач, но постои нешто што е недозволиво. Мене ми замерија дека сум мизоген, но кога ќе влезеш во ваков циркус, тогаш ќе мораш да ги прифатиш и таквите критики. Ние пред сѐ сме платени од продукцијата да бидеме тоа сито кое ќе го просееме и кое треба да остане во финалето. Ако треба да изберам да бидам допадлив на публиката и на девојчиња кои јадат хамбургери и на 19 години имаат по 80 до 90 килограми и задачата која ми е дадена од продукцијата, се разбира дека ќе го изберам второто, затоа што јас сум чист пред Господ и своите кандидати“, вели Ѓорѓе, кој објаснува дека и кандидатите со вишок килограми можат да бидат ѕвезди.

„Важно е кандидатите да знаат што е фора, кој е нивниот лимит и дека не секогаш најдобра варијанта е да се биде во зоната на комфорот. Треба да излезат од неа. Моите кандидати ги учам дека е непристојно да се биде физички неподготвен и неубав на изглед. Кај мене сите и оние кои не отишле во теретана почнаа да вежбаат. Има и такви кои никогаш не држеле диета и не размислувале за своите големи стомаци, каде папукот им е како око на вол. Почнаа да се грижат и кога и што јадат. Кај мене е важно сите девојчиња, на кои господ им дал физички изглед, тоа да го истакнат. Зборувам за сите параметри кои мораат да се видат на сцената, без разлика на полот. Пеењето, естраата, глумата, сè што е поврзано со сцената е сурова работа“, вели Давид.

 

Scroll to Top